Довчерашниот член на Еурофарм Пелистер, Матеуш Пиеховски, во следната сезона ќе настапува во романскиот шампионат.
Кружниот напаѓач, кој во редовите на битолскиот тим играше во вториот дел од изминатата сезона, потпиша за Потаиса Турда.
Полјакот во Македонија пристигна од Бешикташ, претходно беше дел од екипите на Виктор Ставропол, Адемар Леон, Емшдетен и Висла Плоцк.
Искусниот ракометар со Еурофарм Пелистер ја освои титулата во домашниот шампионат, но двете страни одлучија секој да си продолжи по својот пат.