Oхрид домаќин на Ф4 турнирот кај кадетите

Екипите на Бутел, Охрид, Пролет и Алкалоид обезбедија место на завршниот турнир во кадетската лига од машка конкуренција и ќе имаат шанса да се борат за титулата, а денес беше потврдено дека завршниот турнир ќе се игра во Охрид.

„Охрид ја обезбеди организацијата на завршниот фајнл-фор турнир во кадетска категорија ракомет мажи“, потврдија од клубот.

Исто така е потврдено дека натпреварите ќе се играат на 3 април.

Први на терен се домаќинот и Бутел, а два часа подоцна во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе играат Алкалоид и Пролет.

Кадети, Ф4:

11:00 часот,  Бутел – Охрид

13:00 часот, Алкалоид – Пролет

17:30 часот, меч за трето место

19:30 часот, финале