Oхрид го задржа репрезентативецот – Манасков потпиша нов договор

Повремениот репрезентативец на Македонија, Мартин Манасков го продолжи договорот со Охрид на уште една година.

Средниот бек беше еден од главните носители на охриѓани во последните две сезони, а раководството на клубот реши да го задржи во своите редови и за следниот шампионат.

Манасков во Охрид пристигна во 2019 година од екипата на Пролет 62, а во својата кариера го носеше дресот и на Вардар Јуниор и Металург.

Охрид не успеа да избори пласман на европска сцена откако заврши на 6. позиција на табелата и во новата сезона ракометарите на Охрид ќе имаат задача да го поправат лошиот впечаток од претходната и да бидат меѓу најдобрите пет екипи во Супер лигата.

Манасков е четвртиот ракометар кој го продолжува договорот со Охрид. Претходно договорите ги продолжија и Иван Тасески, Јагош Брауновиќ и Филип Николов.