Oдличен почеток на сезоната за Марија Николиќ, во тимот на колото во Грција (ФОТО)

Интернационалката од Македонија, Марија Николиќ одлично тргна во новата сезона во првенството на Грција откако таа и нејзините колешки дојдоа до победа од 35:22 на гостувањето кај составот на Хонда Панорама.

На оваа средба Николиќ беше стрелец на шест гола, додека Дајана Јовановска немаше погодоци.

Оваа победа и добра партија на пивотот Марија Николиќ беше сосема доволна за да се најде во изборот за најдобар играч во колото односно да биде во најдобрата седумка.

Добрата игра секако беше и наградена со ова признание така што ова е одличен старт за неа и допрва може да се чекаат и уште подобри игри.

„После седум месеци пауза од натпревари конечно сме на терен и тоа не прави среќни. Имавме тежок почеток на средбата. Не беше најдобро, но во второто полувреме ги поправивме работите во повеќе сегменти од играта и успеавме да одиграме добро. Позитивно е што победивме, а секако имаме време за поправање на играта на следните натпревари“, коментираше Николиќ после средбата за клупскиот сајт.

И годинава тимот на ПАОК важи за еден од фаворитите за победа во Грција така што Николиќ и Јовановска може да очекуваат добра сезона.