Ново засилување за Ѓорче Петров – потпиша младинска репрезентативка на Србија

Македонскиот шампион Ѓорче Петров по ангажирањето на двете репрезентативки на Гвинеја – десното крило Санкон Кадиату и десниот бек Камара Мацире, кои во таборот на „лавиците“ пристигнаа пред извесен период, реши да донесе ново засилување.

Станува збор за младинската репрезентативка на Србија, Теодора Враниќ, која настапува на голманската позиција и се очекува да биде големо засилување во тимот на Симе Симовски.

Враниќ дебитанскиот настап за македонскиот шампион на натпреварот против Шампион во рамки од 6. коло од единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Младата голманка веќе има интернационално искуство, има настапувано во Чешка и Австрија, поточно во тимовите на Ходонин и Грац, па така нема да има никаков проблем за адаптација во македонската престолнина.

Ѓорче Петров беше елиминиран во Лигата на Европа, не успеа да се пласира во третата рунда и сега главниот фокус на актуелниот шампион ќе биде настапите во домашниот шампионат.