Новиот суперлигаш го елиминираше Бисинов

Екипата на Мулти Есенс ја прескокна првата Куп пречка, откако во елиминациското коло славеше против Бисинов со 39:24 (21:9).

Гостите од Автокоманда доминираа во текот на целиот натпревар и заслужено патуваат во групната фаза од Купот.

Победникот беше решен уште на полувреме кога „сино-белите“ имаа 21:9 и вториот дел го одработија рутински и со половина сили.

Најефикасни во победничката екипа беа Олег Јорданов со седум и Валентин Карасманакис со шест погодоци.

Кај домаќините искусниот Никола Димитров беше прв стрелец со пет погодоци, еден помалку имаа Мартин Иванов, Александар Стојменов и Јован Атанасовски.

Куп на Македонија, елиминации:

Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона  40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт –  Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 26-44
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16
Преспа Вардар – Радовиш 22:41
 Бисинов – Мулти Есенс 24-39
10/12, 13:00 Кичево – Вардар Неготино
10/12, 14:00 Младост Богданци – Охрид
10/12, 16:00 Металург РА – Скопје