Нов пех за Лазаров и Македонија – отпадна уште еден ракометар поради повреда!

Селекторот Кирил Лазаров остана без уште еден ракометар од предвидените за двете последни рунди од квалификациите против Естонија и Литванија за пласман на ЕП 2026.

Десниот бек Мартин Велковски (повреда на листот), на кој Лазаров сметаше како среден бек ја зголеми листата на повредени на која се Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Никола Костески, Цветан Кузманоски и Петар Анасијевиќ.

Во последните две кола од квалификациите за пласман на ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, Македонија ќе гостува кај Естонија во Талин и ќе игра дома со Литванија, а неопходни се две победи за место на континенталниот собир, иако и тоа може да не биде случај ако Литванците ја победат Словенија.

Единствен интернационалец е голманот на германскиот Потсдам, Мартин Томовски, додека другите ракометари се од три домашни клубови – Еурофарм Пелистер, Вардар и тимот на Лазаров од Автокоманда.

Наптреварот против Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.

Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место. Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.