Актуелниот бранител на златото на Европското првенство 2024, репрезентацијата на Норвешка во последното коло од главната фаза не виде мака со Швајцарија.
Норвежанките имаа потежок тренинг и на денешниот натпревар, кој за нив беше загревање на полуфиналето, славеа со 40:24.
Веќе на полувреме Норвешка имаше предност од 24:13, а домаќинот до крајот на натпреварот се обиде нешто да направи, барем да преполови, но искусниот ривал целосно ги казнуваше грешките.
Во норвешкиот состав дури 12 ракометарки се запишаа во листата на стрелци, а најпрецизна беше Исаксен со пет гола. Кај Швајцарија 10 ракометарки се запишаа меѓу стрелците, најефикасна беше Шмит со седум реализации.
Норвешка во полуфиналето ќе игра против Унгарија, која покажа дека може да им парира на посилните репрезентации, додека Швајцарија настапот на континенталниот собир го заврши на 12 место.