Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првото коло во новата сезона од Лигата на шампионите.
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, која лани го судеше финалето на Ф4 во Келн, веќе ја доби првата задача во новата сезона.
Македонскиот двоец ќе го суди натпреварот меѓу германскиот Фуксе Берлин и унгарскиот Веспрем од групата А.
Овој натпревар ќе се игра на 12 септември во „Макс Шмелинг Арена“ во Берлин и ќе започне во 20:45 часот.