Велимир Петковиќ е веќе минато за Загреб и единствениот хрватски првак ќе има нов предводник до крајот на сезоната.
Загреб објави дека имале споразумен прекин на договорот кој траеше до 2026 година со искусниот стратег, а тој дојде по ремито со Нексе, 31-31.
Според информациите на „Спортске Новости“, најсериозен кандидат за клупата на Загреб е поранешниот стратег Андрија Николиќ.
Тој ќе дојде да го „гаси пожарот“, но се чека официјална потврда од клубот, кој го очекува настап на Ф4 во Купот на Хрватска, како и финална серија со Нексе.
Николиќ, заедно со Иван Чупиќ, го водеа клубот пред доаѓањето на Петковиќ.