Нема веќе бесплатно – секој пренос од СП ќе чини 5 евра

Претстојното Светско првенство што ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, нема да биде бесплатно емитувано во Германија.

Еден интернет канал ќе ги пренесува сите 112 натпревари од Мундијалот. Еден пренос ќе чини 5 евра, претплата за финалниот викенд е 10 евра, додека полн пакет за сите натпревари чини 15 евра.

Претседателот на германската федерација, Андреас Михелман ги повика телевизиите да посветат повеќе внимание на женскиот спорт.

„Неопходно е да се подигне престижот на женските натпреварувања, а тоа може да се случи со поголема присутност на ТВ, особено на достапните и бесплатни канали“, вели Михелман.

Македонија беше елиминирана во бараж двомечот од Украина, па за македонската јавност претстојното СП нема да биде особено интересно.