Сезонава екипата на Охрид, стигна до две финалиња, едното во домашниот Куп, и сега во Купот на ЕХФ. Им останува и битката за вицешампионската титула во домашното првенство. Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ најави дека нема да се откажат од двете можности. Ќе се напаѓа и едното и другото.
Охриѓани по изведувањето пенали, 29-27 го елиминираа Целје и се пласираше во финалето на Купот на ЕХФ каде ривал ќе им биде Татабања од Унгарија. Играњето во финалето на Купот на ЕХФ ќе значи и промена на термините во домашното првенство, ќе има поместувања и можно е лигата да заврши некој ден подоцна од планираното, односно во јуни.
„Ова многу ја отежнува домашната лига. Треба да се игра во ритам среда, сабота, вторник, петок. Домашното првенство носи Лига Европа и многу ни значи. Замислете кога ќе дојдат тука во Охрд, и Кил, Флензбург. Овој клуб расте и не треба да го запираме во тоа, вели Ројевиќ..
Иако шампионот на Македонија нема загарантирано место во ЕХФ лигата на шампионите, повеќе од сигурно е дека ќе добие место во групите. Тоа значи дека вицешампионот би играл директно во групите од Лига Европа, а може и третопласираниот тим да биде дел од Лига Европа, но ќе мора да бара „вајлд-карта“ од ЕХФ.
Во домашното првенство, Охрид е на делба на второто место на табелата во првенството, со 46 бода исто колку и Еурофарм Плеистер. Следните кола ќе дадат одговор која екипа ќе биде веднаш за Вардар.
Во вторник Охрид гостува во Автокоманда, а во недела е домаќин на Вардар.
Битголчани во четврток доаѓаат во Скопја кај Вардар, во 9. коло одат во Охрид, а 10. коло дома ги пречекуваат „сино белите“ од Автокоманда.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























