„Витамините“ од Автокоманда се на чекор до камбек во елитната конкуренција, откако славеа на гостински терен кај Вардар Неготино со 37-29.
На врвот на табелата е тимот од Автокоманда со 44 бодови, додека Младост Богданци има меч помалку и е втор со 41.
„Витамините“ во последното коло ќе играат со Драчево Јуниор, додека тимот од Богданци има гостување кај Аеродром и домашен меч со Преспа.
Уште по десетина минути беше јасно кој ќе слави на овој дуел, бидејќи гостите поведоа со 9-2 и до крајот не ја испуштија предноста.
Поповски беше најдобар во победничката екипа со десет погодоци, а по седум дадоа Џигероски и Ѓокески, додека кај неготинци Орешков беше стрелец на девет гола.

























