Еден од играчите со кој се поврзани најголемите успеси на охридскиот ракомет во поново време, левото крило Крсте Андоновски, ја игра последната сезона во играчката кариера.
Ракометарот што беше капитен на „гладијаторите“ седум сезони и најдобар стрелец во многу сезони од минатото на лето ќе каже крај.
34-годишното лево крило, внук на Крсте Андоновски чие име го носи и внук на Горан Андоновски, потекнува од некогашниот Св. Климент Охридски, а дел од кариерата мина и во Скопје, во дресот на Драчево.
Потоа се врати во родниот град и до ден денес го носи „сино-белиот“ дрес на омилениот клуб. Но тој останува во клубот и во иднина ќе биде дел од стручниот штаб на новиот тренер Борис Ројевиќ како асистент тренер.
Андоновски со Охрид настапуваше и во ЕХФ Купот во сезоната 2013/14, кога охриѓани го елиминираа холандскиот Волендам, а потоа играа и против португалскиот Порто.