Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за полуфиналните пресметки на Европското првенство.
Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја судат пресметката меѓу европскиот првак Шведска и Франција.
Овој натпревар меѓу двете ракометни велесили ќе се одигра утре во „Ланксес Арена“ со почеток во 17:45 часот.
Во вториот натпревар домаќинот Германија ќе ги одмери силите со светскиот првак Данска од 20:30 часот на истото место.
Начевски и Николов го судеа финалето на Светското првенство во Полска и Шведска минатата година.