Најдобриот стрелец на Рапид оди на пауза поради бременост

Најдобриот стрелец на Рапид Букурешт во досегашниот тек од сезоната во Лигата на шампионите и во романскиот шампионат, Сорина Грозав, ќе паузира подолг временски период

Романскиот клуб преку социјалните мрежи објави дека Грозав ќе се повлече од ракометните терени на неодредено време поради бременост.

24-годишната ракометарка, која се покажа во одлично светло на Европското првенство 2022, на кое Македонија беше домаќин со Црна Гора и Словенија, најверојатно ќе се врати во следната натпреварувачка сезона.

Рапид Букурешт на позицијата лев бек ја има на располагање уште репрезентативката на Франција, Канор Орлане, па така романскиот вицепрвак најверојатно во следниот период ќе се активира на трансфер пазарот.

Екипата на Рапид Букурешт по седум одиграни натпревари во Лигата на шампионите се наоѓа на 6. позиција, додека во домашниот шампионат на осум натпревари оствари пет победи.