Најдобриот бундеслигашки стрелец бара раскин на договор на суд!

Најдобриот стрелец минатата сезона во Бундес лигата, Мануел Зендер, бара спортска правда на суд во Германија.

Зендер, кој постигна 277 гола во најсилната лига на светот, бара раскин на договорот со Ерланген, тим од кој беше позајмен во составот на Ајзенах.

Швајцарскиот репрезентативец смета дека неговиот договор со Ерланген е истечен, а не е ставен во мирување додека траеше позајмицата во Ајзенах.

Во Ерланген сметаат поинаку, го очекуваат Зендер ова лето на подготовки, а судот иако требаше да донесе одлука вчера, сепак им даде уште седум дена рок на двете страни пријателски да го решат спорот.

Ако нема решение меѓу двете страни, тогаш судот ќе пресече и ќе ја донесе конечната одлука – дали Зендер и понатаму е играч на Ерланген.