Втора сезона по ред најдобар тим во машката Супер лига е Еурофарм Пелистер. Со триумфот над тимот од Автокоманда, 32-28, битолчани го одбранија тронот.
Пелистерци вторпат по ред, односно вкупно осми пат во клупската историја се шампиони на Македонија.
Само две недели откако не го освоија трофејот во Купот на Македонија, битолчани се вратија на победите, ги победија Струга и „сино-белите“ од Автокоманда, останаа на македонскиот трон и ги израдуваа „Чкембари“.
Тоа им донесе нова шанса за настап во Лигата на шампионите, во која имаат шанси за пласман во осминафиналето.