Начевски и Николов ќе судат во квалификациите за Олимпијада!

Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, доби нова задача од Светската ракометна федерација.

Тие ќе судат на квалификацискиот турнир за Олимписките игри што ќе се игра во унгарскиот град Татабања.

Покрај домаќинот Унгарија, на овој турнир за два билети за Париз ќе се борат и Португалија, Тунис и Норвешка.

Освен Начевски и Николов, во Татабања ќе судат и Германците Шулце и Тониес, Црногорците Павичевиќ и Ражнатовиќ, како и Словенците Лах и Сок.

Натпреварите во Татабања ќе се играат од 14 до 17 март.