МВП НА 4. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ЛАЗАР АДАМОВИЌ (РАДОВИШ)

Членот на Радовиш, Лазар Адамовиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на четвртото коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Српскиот интернационалец одигра одлично на гостувањето во Прилеп и со дури 11 реализации беше меѓу најзаслужните за освоените два бода.

Адамовиќ немаше конкуренција на гласањето, освои околу 71% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Александар Стојков од Струга со 13%.

Номинирани за МВП на четвртото коло од плеј-оф/аут беа уште Жарко Пешевски, Стефан Петриќ, Александар Ѓурѓевиќ, Игор Ѓорѓиев и Давор Палевски.