Членот на Бутел Скопје, Дамјан Субашевски, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 17. коло од Супер лигата.
Младинскиот репрезентативец одигра одлично на гостувањето во Прилеп и беше меѓу најдобрите играчи на теренот, натпреварот го заврши со пет погодоци.
Субашевски освои околу 58% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше голманот од Алкалоид, Иван Галевски, кој имаше 40%.
Номинирани за МВП на 17. коло од Супер лигата беа уште Аби Обина, Богдан Радивојевиќ, Стефан Петриќ, Ловро Јотиќ и Живан Пешиќ.