Монпелје го разнесе ГОГ Гудме

Данскиот шампион ГОГ Гудме по поразот во домашното првенство минатиот викенд, забележа неуспех и во Лигата на шампионите, откако загуби на гости кај Монпелје со 36-25.

Францускиот вицепрвак почна со водство од 4-1, ја имаше контролата на теренот и до крајот не ја испушти предноста.

ГОГ Гудме успеваше одвреме навреме да намали на минус еден или два, но на пауза Монпелје замина со плус три, 16-13.

Во вториот дел играта на данскиот тим комплетно се распадна, Мадсен иако даде 11 гола потроши многу топки, а Менсинг имаше 1/6.

Сите грешки на ГОГ беа казнети од Монпелје, кој на крајот запиша победа со 11 погодоци разлика.

Најдобри стрелци беа Пелас со осум гола и Дос Сантос со пет, додека на голот блескаше Болзингер со 18 одбрани. Кај ГОГ Гудме покрај Мадсен, се истакна и Блонц, кој постигна четири гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140