Младост Богданци со трета победа во низа, Јехона немаше сила за реми

Тимот на Младост Богданци пред домашната публика ги освои бодовите против Јехона, триумфираше со 35:33 во натпревар од 6. коло во прволигашката конкуренција.

Гостите од Гостивар на двапати водеа само на почетокот (1:0,  2:1), додека во останатиот дел домаќините ја имаа резултатската предноста, која на полувреме изнесуваше плус шест гола разлика, 21:15.

Ракометарите на Младост Богданци продолжија во ист ритам и во второто полувреме, но во финишот од дуелот се опуштија, можеа да направат од готово – вересија, но гостите не беа толку фокусирани за да се изборат за евентуално реми.

Најефикасни во редовите кај победничкиот тим беа Никола Роглев и Душан Каркалашев со по осум погодоци, седум постигна Ѓорѓе Ѓуриќ.

Кај Јехона се истакна Дамјан Наумовски, кој воедно беше и најефикасен на натпреварот со десет погодоци.

Младост Богданци сега има пет победи и 16 бога и го презеде лидерското место во групата А