Тимот на Младост Богданци запиша уште една победа во прволигашката конкуренција и сега има 15 победи на 15 меча.
Избраниците на Горан Андоновски славеа против Македонија Ѓорче Петров со 37-28, иако гостите пружија солиден отпор во првото полувреме кога беше 19-16.
Сепак домашните во вториот дел за десетина минути дадоа седум гола за 26-16 и веќе немаше дилеми околу победникот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Даниел Андоновски со осум, како и Зоран Стојановски и Никола Димитров со по шест гола, а кај гостите се истакна Михаел Тотиќ со осум погодоци.


























