Младите „лавици“ на чекор до бараж за елита – му го нанесоа првиот пораз на Атлетик

Тимот на Ѓорче Петров 2 му го нанесе првиот сезонски пораз на Атлетик и го совлада убедливо со 27-16 во наптревар од 23 коло во прволигашката конкуренција.

Првото полувреме заврши во корист на избраничките на Милева Велковска со 15-6, а континуирано потоа ја одржуваа високата предност.

Сега на табелата Атлетик е прв со 36 бодови, Ѓорче Петров 2 има 30 на втората позиција, додека Овче Поле СУ има 28 на третото место.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Кристина Наумовска со осум и Бојана Ѓеоргиевска со пет погодоци, а кај Атлетик по три пати стрелаа Моника Босилковска и Дафина Соколовска.