Младинскиот репрезентативец стави потпис – Субашевски уште две сезони во Бутел

Еден од најдобрите стрелци во тимот на Бутел Скопје, Дамјан Субашевски, ја продолжи верноста кон клубот.

Левото крило кое имаше договор до крајот на оваа сезона, потпиша нов на уште две сезони и ќе остане најмалку до 2027.

Младинскиот репрезентативец имаше одлични настапи за Македонија на Европското првенство во Словенија.

Бутел Скопје е на добар пат да обезбеди место во плеј-офот во Супер лигата, иако оваа сезона тренерот Горан Кузманоски има состав со многу млади играчи.