Младинки: Ѓорче Петров броеше до 55, Скопје триумфално кај Илинден Вардар

Викендов се комплетираше 2. коло од младинската женска лига, каде победи забележаа Спартак, Ѓорче Петров и Скопје.

Спартак на домашен терен освои три бода против Куманово, откако го совлада со 25-16. Спартак беше предводен од Мила Мемов која постигна осум гола.

Ѓорче Петров триумфираше на гостувањето кај Шампион со високи 55-18. Победата беше обезбедена уште во првото полувреме, кога Ѓорче Петров на пауза имаше високи 31-8.

Во составот на Ѓорче Петров, Јана Грковска постигна десет погодоци, додека по осум пати погодија Емилијана Ризоска и Ивана Димовска. Кај Шампион се истакна Тијана Мурџевска со шест гола.

Тимот на Скопје стигна до триумф против Илинден Вардар со конечени 26-22. Најефикасна во тимот на Илинден Вардар беше Анастасија Величковска со девет гола, додека кај Скопје најефикасна беше Марија Стојановска со 11 гола.

Младинки, 2. коло, резултати:

Спартак – Куманово 25-16
Шампион – Ѓорче Петров 18-55
Илинден Вардар – Скопје 22-26
Вардар слоб.