Младинците од втор шешир ги чекаат ривалите на СП!

Машката младинска репрезентација на Македонија утре ќе ги дознае ривалите на претстојниот Мундијал што ќе се игра во Полска од 18 до 30 јуни.

Македонија ќе биде во вториот шешир пред ждрепката што ИХФ ја закажа за утре во 11:00 часот во Осло.

Покрај Македонија, на Мундијалот ќе играат уште 16 европски селекции, четири од Африка, четири од Азија, три од Средна и Јужна Америка, како и две од Северна Америка и Кариби.

Океанија се откажа од своето место на СП, па ИХФ ќе го додели како вајлд-карта, а последниот учесник ќе биде познат по одигрувањето на ИХФ интерконтиненталниот трофеј што ќе се игра во март.

Полјаците веќе распоредија девет репрезентации во градовите-домаќини, но тоа за Македонија не менува многу. Нема да играме со сигурност против домаќинот Полска, Египет, Франција, Хрватска, Јапонија, Тунис и Унгарија, како и против Норвежаните од првиот шешир.

Светско првенство 2025, младинци:

шешир 1: Норвешка, Австрија, Шведска, Португалија, Данска, Исланд, Германија, Шпанија
шешир 2: Македонија, Египет, Франција, Хрватска, Полска, Јапонија, Тунис, Унгарија
шешир 3: Аргентина, Србија, Словенија, Кореја, Романија, Бахреин, Алжир, Мароко
шешир 4: Саудиска Арабија, Бразил, Швајцарија, САД, Мексико, Уругвај, победник ИХФ трофеј, вајлд-карта

група А (Плоцк): Норвешка, Полска
група Б (Сосновиец): Австрија
група Ц (Плоцк): Шведска
група Д (Сосновиец): Португалија
група Е (Катовице): Данска
група Ф (Катовице): Исланд
група Г (Келце): Германија
група Х (Келце): Шпанија