Иако одамна беше познато дека младинците на Мулти Есенс ќе бидат шампиони оваа сезона, доделувањето на титулата се случи на нивниот последен натпревар на домашен терен.
Избраниците на Миле Бочкаровски стигнаа до титулата со 23 победи на 23 натпревари, последната против Еурофарм Пелистер 2 со 45-35 и за нив останува уште средбата на гостински терен против Oхрид.
Тимот од Автокоманда доаѓа на шампионскиот трон на местото на Голден Арт кој лани на завршниот турнир во Богданци ја освои титулата.
Ракометарите на тимот од Автокоманда во кој играат многу младински репрезентативци по мечот со битолчани ги добија заслужените медали и победничкиот пехар.