Унгарски Веспрем беше фаворит пред дуелот со Еурофарм Пелистер, и гостите то и го оправдаа победувајќи со 30-23 (17-12) во мечот од групната фаза на Лигата на шампионите.
Немаа некоја шанса битолчани во текот на средбата, па дури ни „шок терапијата“ со новиот тренер не донесе плод. Звонко Шундовски привремено е на клупата на местото на Бранислав Ангеловски, но освен на моменти кога тимот играше добро, во поголем дел од мечот беше во негатива.
Голманот Никола Митревски имаше двоцифрен број одбрани, особено успешен во одбраните на Вајлупов од крило. Но, иако беше еден од оние што беа позабележителни, Митревски искрено призна дека во моментов „квалитетот на Веспрем е над оној на Еурофарм Пелистер“
„Влеговме максимално подготвени, се подготвувавме како и за секој друг натпревар. Нивниот квалитет е малку над нашиот и дојде до израз. Можеби можевме да намалиме на некоја попристојна разлика. Но, остана седум разлика, а тоа малку не дава некое задоволство, вели Митревски.
Ќе треба да бараат битолчани начин да излезат од оваа лоша серија, особено што врзаа два меча по ред со пораз, од што еден и дво домашното првенство.
Во следното коло на ЛШ, Еурофарм Пелистер гостува во Данска кај Фредериција, а во домашното првенство утре го пречекуваат „фенерџијата“ Радовиш.