Репрезентацијата на Македонија во 2. коло од групната фаза на Светското првенство 2025 беше поразена од Холандија со 37:32 (18:15).
Еден од подобрите на денешниот натпревар беше Марко Митев, кој го коментираше денешниот пораз, но и го искажа и незадоволството од делењето на судиската правда.
,,Холанѓаните беа екстра брзи, пробавме да влеземе во нивниот ритам. Ние се држевме до 20-та минута, но потоа фокусот ни падна. Во второто полувреме добро отворивме, имавме неколку шанси да се вратиме, но за жал не ни дадоа двајцата судии, па може да с екаже дека Македонија загуби од Холандија со помош на Данска. Последните десет минути од првото полувреме тука го изгубивме нашиот фокус и тука ривалот ја направи клучната разлика.Требаше да го успориме нивниот ритам, да имаме подолг напад, но не успеавме, не прекинуваа постојано. Судискиот критериум беше преригорозен, повеќе судеа на нивна страни, ние имавме многу исклучувања, тие само 4-5, нема за што да се зборува тука”, изјави Митев.
Македонија во последното коло од групната фаза за ривал го има дебитантот Гвинеја.