Машката репрезентација на Македонија славеше против Катар со 39-34 во натпреварот од второто коло во главната рунда на СП.
МВП на натпреварот беше Марко Митев, кој во голот на Катар имаше пет успешни реализации, а имаше и неколку асистенции.
Младиот член на Алкалоид ја коментираше победата над азиската селекција и истакна дека заедно со своите соиграчи одат по изненадување на соочувањето со „триколорите“
,,На натпреварот против Катар одевме на се или ништо, знаевме дека ова е важен натпревар за нас и дека мора да победиме. Денешната победа многу ни значи, сега ни следува Франција, една силна репрезентација, но ние ќе се обидеме да ја изненадиме, на СП сме дојдени да победуваме, не да губиме, очекувам да сме целосно фокусирани, па ќе одиме да изненадиме”, изјави Митев.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција е в сабота од 20:30 часот.