Норвешкиот репрезентативец Кристијан О’Саливен четири пати играше на Ф4 турнирот од ЛШ и четири пати доби црвен картон.
Искусниот ракометар и актуелен член на Магдебург важи за еден од најдобрите дефанзивци, па така често добива исклучувања.
Средниот бек на двата натпревари на минатогодишниот Ф4, против Барселона и Келце, како и на двата натпревари на годинешниот Ф4, против Алборг и Кил, заработи црвени картони.
Магдебург ланската сезона успеа да го освои трофејот во ЛШ, додека во оваа сезона остана со празни раце, заврши на 4. позиција во Келн.