Левото крило Мила Трајковиќ во финишот на сезоната од Женската лига си замина од тимот на Металург Автокоманда.
Трајковиќ ја играше првата сезона во новиот клуб, но ја заврши според планираното, иако беше еден од најдобрите стрелци.
Левото крило од Куманово се пресели во Металург, а оваа сезона играше и за новакот во македонската женска конкуренција.
Сега тимот на Јулијана Дамчевска остана со Сара Миновска на лево крило, а наскоро ќе биде познато и која ракометарка ќе ја замени Трајковиќ.
Трајковиќ, која е играч во двата правци, освен на левата крилна позиција, може да одговори и на средната бековска.
Таа повеќе пати се наоѓаше на списокот на сениорската репрезентација, но ниту еднаш нема добиено вистинска шанса во националниот тим на Македонија.