Мицевска пак блесна на голот – со Саздовска ќе се борат за Ф4 во романскиот Куп!

Екипата на Слатина, во која настапуваат двете репрезентативки на Македонија, Јована Мицевска и Јована Саздовска, избори четвртфинале во Купот на Романија.

Слатина во осминафиналето за ривал го имаше тимот на Миовени и успеа да го добие дуелот со три гола разлика, 25:23 (15:14).

Голем проблем за Миовени, кој се натпреварува во суперлигашката конкуренција во Романија, беше токму Мицевска.

Македонската голманка бранеше одлично на голот и натпреварот го заврши со десет интервенции, додека Саздовска имаше три реализации.

Тимот на Мицевска и Саздовска во четвртфиналето би можел да налета на Рапид Букурешт, Глорија Бузау, Дунареа Браила…