Металург РА им се врати на победите, лесно ги освои бодовите во Свети Николе

Металург РА на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле запиша важна победа од 35:26 во натпревар од 6. коло од Првата лига.

За екипата од Автокоманда денешниот триумф беше 4-ти во новата натпреварувачка сезона.

Ракометарите на Металург РА победата ја остварија уште во првото полувреме, кое што заврши во нивна корист од 18:12.

Во вториот дел сѐ одеше според планот на гостите, кои дополнително ја зголемија предноста за конечни девет гола разлика.

Најефикасни во победничката екипа беа Филип Петровски со десет и Коста Николовски со осум погодоци.

Во поразениот табор се истакна Бојан Гичев со седум реализации, пет запиша Стојанче Ристов.