Металург Автокоманда со голманско засилување – доаѓа Симона Грујовска

Амбициозниот тим на Металург Автокоманда го промовираше најновото засилување пред стартот на новата сезона во Женската лига.

Станува збор за голманката Симона Грујовска, која доаѓа од составот на Куманово, а претходно беше дел и од Вардар.

Претходно Металург Автокоманда ја продолжи соработката и со кружниот напаѓач Анастасија Трпеска, левиот бек Таида Беровиќ, левото крило Сара Миновска, средниот бек Исидора Котевска, како и десното крило Марија Гугуљанова.

До овој момент клубот се засили со Стефани Ристиќ, Ивана Димоска, Софи Ѓошевска, Анастасија Величковска и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.

Тимот од Автокоманда во дебитанската сезона во Женската лига го освои третото место и избори излез на европска сцена, во Европскиот Куп, а таму ќе се сретне со турскиот Гореле.