Металари и Николовски ќе судат осминафинален двобој во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од осминафиналето во Лигата на Европа.

Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски се делегирани на натпреварот што ќе игра во Германија.

Станува збор за интересниот двобој меѓу бундеслигашот Хановер и шведскиот Савехоф што ќе се игра на 26 март од 20:45 часот.

Од делегатите, на евро задача ќе биде Ацо Николовски, кој е делегиран на средбата меѓу Глорија Бистрица и унгарскиот Мошонмаѓаровар, од женската Лига на Европа што ќе се игра на 23 март од 14:00 часот.