Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, првиот дел од сезоната во Бундес лигата ќе го заврши на лидерското место.
Мелсунген во претпоследното коло за 2024-та година успеа да биде убедлив против Хановер триумфирајќи со осум гола разлика, 31:23.
За тимот на Парондо ова беше 14-ти сезонски триумф и со денешната победа се зацврсти на првото место на табелата, сега има 28 бодови, додека Фуксе Берлин, Кил и Хановер четири помалку – 24.
Амбициозниот бундеслигаш беше ривал на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, на првиот натпревар победи убедливо, а на гостувањето во Скопје беше поразен од „црвено-црните“.