Матески: Со помош на „Паткари“ до прва победа во плеј-офот

Екипата на Струга овој викенд пред својата публика ќе се соочи со тимот на Пролет во натпревар од 7. коло од плеј-оф фазата.

Стружани се желни за освојување на првите бодови во вториот дел од сезоната и на натпреварот со скопскиот тим ќе бидат помотивирани за разлика од претходните  дуели.

Овие две екипи токму в сабота ќе ја имаат првата меѓусебна пресметка сезонава, откако се избегнаа во групниот сегмент од регуларниот дел.

Кадетскиот репрезентативец Јулиан Матески е оптимист за натпреварот со Пролет и се надева на позитивен исход.

,,Пролет е квалитетна екипа составена од неколку поискусни играчи подпомогнати од квалитетни млади играчи. Пред сѐ, епитетот на благ фаворит во овој дуел би и го препуштил на екипата на Пролет. Сепак, ние за овој натпревар работиме во полна пареа и ги анализиравме слабите страни на противникот, со што верувам дека со помош на домашната публика и навивачката група „Паткари“ можеже да оствариме победа и да дојдеме до првите бодови во суперлигашкиот плеј-оф”, вели Матески.

Според Матески, на овој натпревар ќе има голема борба и само нијанси би одлучиле кој ќе ги освои бодовите.

,,Како нивна најсилна страна би ја издвоил нивната борбеност во текот на сите 60 минути, во досегашниот тек од сезоната на речиси сите натпревари беа тврд орев за ривалите. Но, од тој аспект борбеноста нема да изостанува и во нашиот табор и ова ќе биде еден навистина возбудлив натпревар на кој ќе одлучуваат само нијанси”, вели Матески.

Младиот ракометар од натпревар во натпревар добива поголема минутажа во суперлигашката конкуренција, а во минатото коло, против Еурофарм Пелистер, беше еден од главните стрелци за својот тим.

,,Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Наум Танески за дадената доверба и шансата која ми ја дава во текот на целата сезона да се докажувам и да стекнувам драгоцено искуство во Супер лигата. Релативно од мојата игра во досегашниот тек од сезоната сум задоволен, но има уште многу простор за напредок и подобрување во сите сегменти”, додаде Матески.

Организаторот на играта покажа дека добро се снаоѓа за негова возраст во Супер лигата. Голдем удел за неговите добри настапи имаат и советите од повозрасните колеги.

,,Мојата мотивација и желбата да вратам со добра игра е сѐ поголема со секоја помината минута на теренот. Благодарение на поискусните играчи во нашата екипа, како и укажаната доверба од страна на тренерот и управата ми олеснува да го дадам максимумот и да го прикажам најдоброто од себе. Ги повикувам сите љубители на ракометот во Струга и навивачката група „Паткари“ да дојдат да нѐ поддржат и сите заедно да ја прославиме првата победа во вториот дел од сезоната”, заврши Матески.

Натпреварот меѓу Струга и Пролет ќе се одигра в сабота (6 април) со почеток од 16:00 часот во спортската сала „Нико Нестор“. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961970224
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР870123
3ОХРИД860220
4АЛКАЛОИД850318
5ТИКВЕШ 2014850316
6ПРОЛЕТ92076
7БУТЕЛ81074
8СТРУГА80080