Maрковски и Петковски стрелаа по девет пати, Драчево Јуниор лесно го реши Текстилец

Ракометарите на Драчево Јуниор запишаа лесна победа над Текстилец со 38-31 во натпревар од 25 коло во прволигашката конкуренција.

Јован Марковски и Димитар Петковски комбинираа 18 погодоци за победничкиот тим, а тоа беше доволно драчевци да се израдуваат на двата бода.

Избраниците на Велимир Настески поведоа со 10-3, на паузата беше 20-15, а штипјани успеаја да намалат на минус три во еден момент, но немаа сили за камбек.

Дарио Јорданов со девет и Лазар Стојанов со шест голови беа најдобри стрелци во составот на Текстилец.

На табелата, Драчево Јуниор е на третото место со 38 бодови, додека штипјани се седми со 22 бода.