Мандиќ и Дибиров се погрижија за триумф, Загреб лесно го реши Нексе!

Ракометарите на Загреб со максимален биланс ја завршија групната фаза од хрватскиот плеј-оф, откако славеа над Нексе со 24-18.

Победата беше најавена уште по првиот дел кога домаќините водеа со 13-9, а во вториот дел беше само рутински одработена задачата.

Клучни ракометари во победничкиот тим беа голманот Мандиќ со 14 одбрани и Тимур Дибиров со шест гола, додека кај Нексе се истакна Коен со четири погодоци.

Загреб и Нексе ќе играат во финалната серија за титулата, а првак ќе биде тимот што ќе освои прв шест бодови во меѓусебните дуели.

Актуелниот шампион славеше една службена победа, плус уште една на домашен терен, па само уште една победа го дели од одбрана на титулата.