Еурофарм Пелистер третпат по ред е шампион на Македонија, откако славеше на гостувањето кај големиот ривал Вардар со 32-30.
Левото крило Дејан Манасков беше стрелец на голот од пенал што ги однесе битолчни на плус два во финишот.
Тој вели дека и покрај негативата, верувале во камбек.
„Беше тежок натпревар, знаевме дека ќе се одлучува во последните секунди. Можеби среќата не посака нас, оној гол на Хосни беше клучен по одбиената топка, некако се сврте после се во наша полза. Среќни и задоволни сме, беше многу тешко по загубеното финале со Купот, имаме и повредени играчи. Оној меч во Автокоманда, мислам дека ни помогна да се издигнеме и денеска мислам дека го одигравме најдобриот натпревар во сезоната. Верувавме дека може да ја стигнеме негативата, бидејќи бевме смирени. На некои од натпреварите се случуваше нервоза, но сите од прв до последен одиграа на ниво, секоја чест за моите соиграчи и заслужено славиме“, вели Манасков.
За неговата иднина имаше краток коментар.
„Деенска славиме, а од понеделник ќе се знае се“, заврши Манасков.