Мамду против екс клубот: Растот на Динамо е видлив, но ние одиме по зацртаниот план!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува најважниот меч од Лигата на шампионите против романскиот Динамо Букурешт.

Кружниот напаѓач Мохамед Мамду ќе игра против клубот каде мина четири одлични сезони, па ќе има многу емоции кај него.

„Премногу емоционален натпревар за мене е натпреварот кој следи со Динамо Букурешт. Играв четири години таму, играв од почетокот на проектот, имам многу пријатели меѓу играчите, навивачите… Емоционално не ми лесно, но на крајот на денот ова е многу важен натпревар за нас, за место во осминафиналето. За нас важно е да победиме, но растот на Динамо Букурешт во последните четири години е видлив. Играа Ф4 во Лигата на Европа, играат добра групна фаза на Лигата на шампионите и проектот е на врвот. Но, сепак и ние добро играме сезонава, победуваме и одиме по зацртаниот план. Одиме чекор по чекор, бидејќи овие натпревари се критични за нас сезонава. Нема многу време меѓу натпреварите, но навикнати сме на овој ритам. Најважно е да останеме мирни и да знаеме да се справиме со стресот. Не треба да брзаме и отсега да мислиме на следните натпревари. Мора да се бориме и да дадеме се што имаме в четврток“, изјави Мамду.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Динамо Букурешт се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.