Македонското трио во следна рунда од Купот на Романија

Тимовите на Стинта Букурешт и Слатина, каде што играат три македонски репрезентативки, обезбедија место во осминафиналето од Купот на Романија.

Стинта Букурешт на Леонида Гичевска славеше кај Униреа Доброешти со 33-23, а македонската репрезентативка даде пет гола.

Слатина на Јована Мицевска и Јована Саздовска победи на гостувањто кај Јаши со 34-28. Мицевска имаше четири одбрани, додека Саздовска реализираше пет пати.

Елиминација доживеа тимот на Сања Дабевска, Униреа Слобозиа, кој налета на силен ривал Глорија Бузау и загуби дома со 38-24.