Македонските репрезентативки Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска се радуваа на трофеј во Купот на Турција.
Нивниот тим Коњалти славеше во финалниот натпревар на Ф4 во Купот против составот на Јаликавак со 30-21.
Иако во ростерот имаше само 11 ракометарки, Коњалти успеа да го добие натпреварот и на крајот да се радуваат на трофеј.
Гакидова и Ѓорѓиевска беа меѓу најдобрите на теренот и успеаја да постигнат четири, односно три погодоци.
Третата македонска репрезентативка во Коњалти, Моника Јанеска, во моментов паузира поради бременост.