„Македонскиот“ двобој во Португалија за Митревски и Порто, втор пораз за Талески и Бенфика

Во првиот „македонски“ двобој во Португалија оваа сезона, тимот на Порто славеше против Бенфика со 37-33.

Порто водеше со еден гол разлика на паузата, 18-17, во вториот дел имаше и комотно водство, но Бенфика се врати на минус еден во финишот, 32-31.

Сепак немаше сили тимот на Хота Гонзалес за комплетен камбек во мечот и Порто ги освои бодовите.

Филип Талески имаше два гола од три обиди, додека Митревски влегуваше само за удари од седум метри, но не запиша одбрана.

Следен предизвик за Порто ќе биде дуелот од Лигата на шампионите кај Веспрем, додека Бенфика пред стартот на Лигата на Европа ќе гостува кај Агуас Сантас.