Македонскиот дуел во Србија за Стефаноска

Изминатиот викенд во женскиот шампионат на Србија, имаше и македонски двобој на Пена Граматова и Сара Стефаноска.

Тимот на Стефаноска, Јагодина, славеше со пресврт на гостувањето кај Војводина на Граматова со 21-19.

Левото крило Граматова постигна два погодока за домашниот тим, а Стефаноска беше стрелец на исто толку за српскиот шампион Јагодина.

Јагодина е прва на табелата со 30 бода и во следното коло ќе игра со второпласирана Црвена Звезда, додека Војводина ќе се сретне со Младост Нови Пазар.