Maкедонски арбитри ќе бидат дел од Мундијалот во Полска

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за претстојното младинско Светско првенство што ќе се игра во Полска.

Мундијалот е на програмата во четири полски градови од 18 до 29 јуни, а Македонија покрај националниот тим, ќе има двајца претставници меѓу судиите.

Станува збор за Даниело Божиновски и Виктор Начевски, кои уште еднаш ја добија довербата на ИХФ кога се работи за светските шампионати.

Македонија предводена од Раде Стојановиќ ќе биде дел од европска група и ќе игра против Романија, Исланд и Фарски Острови.