Машката репрезентација на Македонија третиот и финален дел од подготовките за Светското првенство ќе ги одработи во Хрватска.
Таму ќе одигра уште три пријателски натпревари пред настапот на Мундијалот, на 8, 10 и 12 јануари.
Прв противник на 8 јануари на избраниците на Кирил Лазаров ќе им биде домаќинот Хрватска, а мечот се игра од 20:15 часот.
На 10 јануари Македонија ќе има тест со тимот предводен од Игор Вори, Сесвете, кој оваа сезона играше во Лигата на Европа.
На 12 јануари нашите ракометари ќе го имаат последниот контролен двобој пред СП, а ривал ќе биде селекцијата на Зеленортските Острови.
Македонија на 15 јануари го стартува настапот на СП против Унгарија, а во групата се уште Холандија и Гвинеја.